Центар за енерготерапија и  рехабилитација

Насловна За нас Биографија   Видови терапии Методот на Константин  Фотогалерија  Контакт
ВИДОВИ ТЕРАПИИ
МАНУЕЛНО ТРЕТИРАЊЕ
МАГНЕТНА ТЕРАПИЈА

ХРОМО-КОЛОР ТЕРАПИЈА

БАЧОВА ТЕРАПИЈА

АУРА СИСТЕМ

МАСАЖА СО МЕД

ЕНЕРГЕТСКИ ТЕРАПИИ

КОНТАКТ:

Центар за енерготерапија и рехабилитација КОНСТАНТИН

Ул. Титоввелешка бр. 51, Скопје

Телефони: +389 (0)2 3213 145 и

                  +389 (0)75 560789

Email:

konstantin@konstantin.com.mk

petar@konstantin.com.mk

zorica@konstantin.com.mk

stela@konstantin.com.mk

 

Исцелителни откровенија” од

Константин Кајшаров - Тино

За прв пат на овие простори, Интернационалната холистичка кадаемија (ИХА) издава албум “Исцелителни откровенија” со терапевтска музика со цел да ја поттикне исцелителната енергија што постои во секое битие на Земјата. Овој албум ја сублимира исконската светост и културата од оваа тло, која е длабоко кодирана и се чувствува во сите 13 песни од оваа цд.

Целта на оваа музика е преку нијансите на звуците и вибрацијата на гласот на Константин да се прошири или да се отвори еден нов начин на живеење и себеприфаќање во духовна насока. Звукот на музиката доаѓа за да не промени, за да не отвори и да ни донесе баланс на сите нивоа. Оваа цел ја поттикнаа и поддржаа многу луѓе околу Константин, а конкретно за овој проект тоа беа Миодраг Нечак и Јорданчо Василковски-Оцко. За песната Љубов се сними спот во продукција на АЊАРД Филм & Видео и во режија на Дејан Миличевиќ. Спотот се снимаше на локации во Маврово и Охрид. 

Со текот на годините музиката која го исолнува срцето на Константин преминува на едно повисоко ниво и се претопува во албум од 13 песни “Исцелителни откровенија” во кој низ музика се проткаени древни молитви кои поттикнуваат исцелителни процеси кај слушателот. Вибрацијата на музиката поттикнува импулси на ентузијастички пориви и создава благостостојба кај слуштелите. Ритамот на песните е создаден по ритамот на човечкото срце, пулсот кога човек е во фаза на релаксација. Тоновите кои што преовладуваат во песните поттикнуваат една блага алфа состојба во мозокот, го променува поларитетот на енергетското поле кај слушателот и соодветно го подига на повисоко ниво на себедоживување размислување и дејствување. Позитивното влијание од овој тип на музика може да се забележи во промената на аурата кај луѓето, а тоа може да се види преку видео снимка од специјален апарат за забележување на аурата и нејзината промена.

Во една од песните Константин прави енергетската терапија со цел да се поттикне мир, разбирање, хармонија и љубов помеѓу сите луѓе во светот.

Оваа музика е наменета за сите луѓе кои никогаш не медитирале ниту пак имале искуство во духовнта сфера како и луѓе кои што длабоко се навлезени во структурата и нивоата на различните духовни правци. Секако, оваа музика претставува “вода за жедниот”, за секојдневно активниот динамичен и под притисок и страв современ човек. Оваа музика благопријатно делува како тивка приспивна сонувалка и за најмладите.

Константин пеејќи ја вдахнува енергијата во самите песни и за да се доживее длабочината на енергетската терапија се препорачува оваа музика да се слуша додека се релаксирате во лежечка или седечка позиција, работите најразлични активности во текот на целиот ден, како и за време на медитација и духовни работилници.

Вашите впечатоци и искуства кои притоа ќе ги добиете можете да ги споделите со нас на емаил: konstantin@konstantin.com.mk бидејќи вашите реакции би биле индикација за големите подвизи во духовноста кои што Константин и неговите истомисленици би сакале да ги поттикнат на глобално ниво.

Во светот пак, првото промовирање на овој албум ќе биде во Сан Вали, Ајдахо, САД, крајот на мај 2008 г. каде Константин е поканет заедно со својот тим да ја презентира својата работа за време на Sun Valley Wellness Festival (www.sunvalleywellness.org).

 
Мултимедија

KONSTANTIN KAYSHAROV - TINO - ENERGY THERAPY 1

KONSTANTIN KAYSHAROV - TINO - ENERGY THERAPY 2