Центар за енерготерапија и  рехабилитација

Насловна За нас Биографија   Видови терапии Енергетски терапии  Фотогалерија  Контакт
ВИДОВИ ТЕРАПИИ

МАНУЕЛНО ТРЕТИРАЊЕ

МАГНЕТНА ТЕРАПИЈА

ХРОМО-КОЛОР ТЕРАПИЈА

БАЧОВА ТЕРАПИЈА

АУРА СИСТЕМ

МАСАЖА СО МЕД

ЕНЕРГЕТСКИ ТЕРАПИИ

-Исцелување со Светлина-лекување преку молитва

-Исцелување со Реики

-Исцелување преку Прана методот

КОНТАКТ:

Центар за енерготерапија и рехабилитација КОНСТАНТИН

Ул. Титоввелешка бр. 51, Скопје

Телефони: +389 (0)2 3213 145 и

                  +389 (0)75 560789

Email:

konstantin@konstantin.com.mk

petar@konstantin.com.mk

zorica@konstantin.com.mk

stela@konstantin.com.mk

 

Методот на Константин 

1. Исцелување со Светлина-лекување преку молитва

Метод на М-р Константин Кајшаров

Методот на исцелување со Светлина претставува вродена дарба на м-р.Константин Кајшаров, кој со текот на времето ја усовршувал и развивал насочувајќи ја кон потребите на современиот човек, а од тука и целта да се помага на човештвото. За да биде неговата работа научно поддржана и поткрепена тој студира и магистрира во специјалноста кинезитерапија.

Методот на лекување со Светлина е пријатно доживување кое со ништо не се споредува -вели Константин. Без контраиндикации, без да се потребни некои посебни услови, методот функционира вистински и трајно. Наликува на молење, а доколку пациентот е отворен и чесен верник кој искрено сака да си го промени животот, молитвата е жива, Светлосниот бран енергија ги опфаќа сите нивоа на индивидуата.  

Кога Светлината навлегува во менталното тело, сите стравови и мисли со ниска фреквенција почнуваат да прегоруваат, во емотивното тело се разбрануваат неизбалансираните емоции кои се изразуваат преку солзи или смеа во текот на или по терапијата. На физичкото тело пациентот чувствува сензации, кои се различни кај секого а можно е дури и да се почувствуваат и болки во текот на наредните 2 дена по терапијата.

На спиритуалното ниво оваа терапија ги обединува земните и небесните енергии, се раѓа чувство за хармонија, потполност и удобност во сопствениот живот, но најголемото манифестирање на Светлината на оваа ниво е во вид на универзална сеопфатна Љубов, еднаквост со се и кодирање на ова во потсвеста на секоја индивидуа, која пак доколку направи избор може да го разбуди овој дар и да го споделува со светот.

На физичко ниво чувствата се изразуваат како ентузијазам и оптимизам преточени во идеи, присуство на нежност и мил однос кон останатите. Единствен услов кај овој вид терапија или метод на лекување со Светлина е индивидуата да покаже дека се сака себе си а тоа се првите знаци на промена кои треба да почнат по наш сопствен избор.

Верувајте во БОГ, не во мене, бидејки јас сум само инструмент на Божественото и јас само ја пренесувам енергијата од фонтаната на животот  до градината со прекрасните цвеѓиња, но пијте и вие директно од изворот-фонтаната, заедно да блескаме од Светлосни капки кои ги милуваат нашите души - вели м-р.Константин.

Посакувам овој метод да го споделам со сите и сите да можат да го приложат,бидејќи оваа е времето на последните дни и треба сите да бидеме разбудени!

 
2. Исцелување со Реики

 

Реики е форма на енергетската медицина многу слична на Допир за здравје, меѓутоа суштинската разлика од другите методи на исцелување е едноставноста на Реики и спознавањето дека никој никогаш не го лечи другиот, туку дека исцелувањето е чиста МИЛОСТ и едноставно се случува.

За време на реики третманот хармонизирачка Реики енергија зрачи од рацете на Реики практичарот кои нежно и лесно се поставени на или над телото на пациентот. Реики е различно од масажа и други манипулативни терапии, со тоа што рацете остануваат мирни и Реики може да се пренесе преку облека, дури и преку гипс. Еден Реики третман обично трае еден час додека рацете се придвижуваат кон нова позиција приближно на секои пет минути.

Текот на Реики енергијата е многу суптилен. Повеќето луѓе искусуваат топлина, сензации на боцкање или приспивност за време на третманот и ги добиваат севкупните физиолошки придобивки на три до четири часа длабок сон. Вообичаено е да се чувствува многу релаксирано и балансирано отпосле. 

Реики не може да се дефинира едноставно, а сепак низ историјата многу древни цивилизации зборувале за постоењето на исполнувачка животна енергија која може да го подобри квалитетот на животот на сите нивоа: ментално, духовно, емотивно и физичко.

Зборот РЕИКИ е термин на јапонски јазик и во превод значи универзална животна енергија (реи-универзална, ки-енергија)

 
3. Исцелување преку Прана методот

 

ПРАНА е санкскритски збор, кој значи невидлива биоенергија или витална енергија која го одржува телото живо и во баланс со разумот и душата. Физичкиот допир не е потребен при лекуванјето со прана, затоа што лекувањето со прана се применува многу повеќе на енергетското тело отколку на физичкото, затоа што секоја мисла, секоја негативна енергија, стрес, емоција, состојба прво се појавува во ефирното поле а потоа се манифестира на физичкото. На тој начин можеме и предвреме да откриеме некое заболување уште пред тоа да биде пројавено со соодветни симптоми на физичкото тело. Оваа теника вклучува скенирање-дијагностицирање на аурата, чистење на аурата и чакрите, како и енергизирање.

Мастер Чоа Кок Суи е човекот кој оваа древна индиска техника ја возобновил и прилагодил кон модерната цивилизација, со цел планетата Земја да биде прекрасно место за живеење. Благодарение на него, оваа исцелителна техника денес е достапна и лесно усвоива.

 

 
 
Мултимедија

KONSTANTIN KAYSHAROV - TINO - ENERGY THERAPY 1

KONSTANTIN KAYSHAROV - TINO - ENERGY THERAPY 2

KONSTANTIN KAYSHAROV - TINO-EXORCISM