|
Центар за исцелување и духовен развој "Константин" |
|
За Центарот Центар за исцелување и духовен развој „Константин“ Оснoвач на првиот центар за енергетска терапија на овие простори е М-р Константин Кајшаров. Неговата професија како специјалист во науката кинезитерапија му дозволува полесно работење со пациентите и приложување на неговата вродена дарба за помагање во процесот на исцелување кај болните луѓе. Повеќе за Мастер Константин Кајшаров тука. Во Центарот за исцелување и духовен развој “Константин”, на пациентите им се приложуваат третмани од енергетски вид, фитотерапија, рехабилитациони техники, кинезитерапија како и физиотерапија. Од пациентот се очекува да биде активен учесник во процесот на исцелување преку низа сопствени поттикнувања на ментални размислувања, дејствувања и однесувања, како спрема светот така и спрема самиот себе, притоа тоа не се секогаш луѓе со веќе материјализирани и манифестирани проблеми, туку и здрави луѓе на кои се делува превентивно и едукативно во насока на себеспознавање и подобрување на животниот стил. „Болеста ја гледаме како состојба која со својата фреквенција претставува енергетско материјализрање на многубројни преживеани емоции во текот на живеењето. Соодветно со тоа, носителот на болеста мора да ја прифати истата, за да можеме заедно потоа да ја неутрализираме“ - вели Кајшаров. Во центарот за исцелување и духовен развој „Константин“ работи стручен тим на масери, физиотерапевти, како и холистички терапевти како асистенти во работата на Мастер Константин, со една заедничка холистичка цел која се изразува како поттик на човечкото сознание кон хуманизам, креативност, сплотеност, а со тоа изразување на Љубовта, милоста, простувањето, како единствен начин за вистинско исцелување на човештвото и стремеж на истото кон трансформација на повеќе нивоа кај индивидуата. Ова е всушност дел од учењето Светиот шепот на Мастер Константин Кајшаров. Повеќе за учењето Светиот шепот на www.theholywhisper.com „Ние сме деца од Небото и Земјата, ние сме Љубов и Светлина, отворете ги крилјата да летаме заедно, ние сите сме Едно, едното во се, ајде да го вратиме мирот на мајката Земја и во нашите души!“ Мастер Константин Кајшаров |
|
© Konstantin Kaysharov. All rights reserved. |
|||