|
Центар за исцелување и духовен развој "Константин" |
Специјални масажи Покрај класичните масажи кои се работат во центарот за енерготерапија и рехабилитација Константин, постојат и специјализирани масажи кои претставуваат автентично третирање за самиот центар. Во нив се вклучени древни техники од нашето подрачје, но и исцелителни техники од источната медицина кои се успешно вклопени со современите медицински сознанија и начини на делување. Тука спаѓаат следниве масажи: • Меридијанска масажа • Масажа со вендузи • Масажа со мед • Деблокирачка масажа
Меридијанската масажа прави деблокада низ целиот организам овозможувајќи подобар проток на енергијата. Масажата е комбинација на источни и западни техники и помага телото да добие поголемо ниво на релаксација и баланс. Преку источните техники се ослободува тензијата и напнатоста на мускулите и преку работата на меридијаните кои поминуваат низ мускулите се насочува енергетскиот систем на телото и со тоа му се овозможува да се поттикне кон исцелување. После оваа масажа аурата на човекот е поширока и посилна, па така има појака вибрација и боја, тогаш човекот не е изложен на нисковибрирачки појави односно на негативна енергија. Така и хроничните заболувања во телото доаѓаат до стишување односно неутрализирање. Хармонизацијата е присутна на сите нивоа. Оваа масажа се приложува и во случаи кога другите масажи се контраиндикативни во однос на некој проблем. Не се применува кај заболувања што не се подложни на длабоко мануелно третирање: Туморозни процеси, висок крвен притисок, кожните заболувања, кај бремени жени, остеопорози. Горе
Масажата со вендузи е техника која се изведува мануелно. Под дејство на вакуумот се поттикнува циркулацијата на крвта и протокот на лимфата и започнува да се појавува хиперемија на кожата. Целта на оваа масажа не е во насока да се третираат и разбиваат масните депоа, туку да се поттикне: • регенерација, • ревитализација на целиот организам. • хранење на мускулните ткива, • детоксификација, • се подобрува и хормоналниот баланс во организмот, • се неутрализира стресот, • деполаризираат натрупувањата на физичкото тело и енергетските центри. Се применува како превенција од коскено мускулни заболувања, респираторни заболувања, кардиоваскуларни заболувања и проблеми во метаболизмот. Горе
Масажата со мед овозможува да се направи детоксификација на целиот организам, ревитализација на клетките, пририден пилинг и обновување на кожата и поткожното ткиво. По завршување на масажата лицето кое било третирано е оспособено нормално да го продолжи денот, но се препорачува во следните 24часа: • да конзумира многу течности кои помагаат во детоксификација на организмот, како и • да не се употребува сапун и вода како и козметички препарати, а доколку лицето има потреба да се измие може да употреби само вода. По масажата со мед можно е да се појави силна пот, главоболка, гнојни мозолчиња и често уринарење, можно е исто така појава на мускулна треска како и малаксаност и потреба за сон. Масажата со мед може да се приложува при присуство на следните проблеми: • главоболки, • депресии и стравови, • хронични настинки, • хронична истоштеност, • несоници, • опстипација, • алергии (освен оние на мед), • пореметување на месечниот циклус, • артрози на зглобовите, • ревматоиден артрит, • дискус хернија, • кардиоваскуларни заболувања, • стомачно цревни заболувања, • проблеми со дишни патишта, • болести на црниот дроб, • дисфункции на бубрезите, • импотенција и стерилитет. • спондилоза, • анорексија, • чир на желудник, • анемија, • гнојни рани. Масажата со мед не може да се приложува кај следните проблеми: алергија на пчелен мед, кожни заболувања како егземи или нафрлувања, тумори, тромбоза, глаукома, кај лица кои неодамна доживеале мозочен удар или срцев инфаркт. Горе
Оваа мануелна техника овозможува деблокада на сите пршлени и екстремитети, и ја ослободува натрупаната енергија на организмот која предизвикува болка. Таа е безболна, но вклучува длабоки техники кои што го поттикнуваат процесот на возобновување и неутрализирање на болката во телото и баланс. Ова третирање дејствува стопирачки на прогресивни заболувања и се користи кога се чувствува акутна болка. Деблокирачката масажа се приложува со специјални масла кои дејствуваат анелгетично на организмот за кое пациентот е информиран дека двата дена не треба да се тушира. Оваа техника е збогатена со киропрактични зафати, а на крајот се продолжува древната техника абдоминално одврзување (местење папок). Се приложува кај: • вкочанети вратови, • спондилористеза, • спондилози, • лумбоишијалгија, • периартритис, • чувство на паника, • гушења, • микроспазми на нервните влакна во абдоминалниот простор, • недостаток на енергија, • енергетски напад. Горе |
© Konstantin Kaysharov. All rights reserved. |
|||