|
Центар за исцелување и духовен развој "Константин" |
ПРА ПЕР Постојат специјални програми кои се изготвуваат за секој пациент пооделно според временското присуство на проблемот и според природата на самиот проблем. Тие програми вклучуваат повеќебројни терапии кои се одвиваат пред приложувањето на енергетската терапија на Мастер Константин. Нивните основни цели се: Превенција, Ревитализација, Антистрес, Подготовка, Енергизирање, Ревитализација = ПРА ПЕР. Во сите третирања, енергетското дејствување на Мастер Константин е бесплатно. Неговата мисија е да го разбуди и поттикне човештвото кон сплотеност и мир во духовната еволуција на патот кон Четвратата димензија. Често пати страдаме бидејќи забораваме дека на нашето битие му е потребно Љубов, енергија и радост. Дозволете си да ги почувствувате благодетите од некои од програмите кои се предвидени за луѓе кои немаат дефинирани проблеми на своето физичко тело, кои вклучуваат: Превенција, Ревитализација и Антистрес = ПРА пакети. Во овие терапии спаѓаат: • Хромо терапија • Термален кревет со жадови камења • Магнетна терапија • Антистрес • Термоаурикулум терапија • Енерџи плус масажа на глава
Третирање преку светлина од апаратот во комбинација со филтри кое делува поддржувачки на регенеративните и ребалансните капацитети на телото и на тој начин му овозможува да ги поттикне сопствените исцелителни капацитети. Хромо-терапијата се приложува на болните места или енергетските центри-чакри, односно соодветно на проблемот или дисбалансот присутен кај човекот. Горе
Термалниот кревет со камења од кристали на жад е комбинација на кинеската медицина со западната модерна технологија. Тој е дизајниран да овозможи 5 различни третирања: акупресура, акупунктура, терапија со топлина, масажа и киропрактика. Кога длабоките инфрацрвени зраци поминуваат и продираат низ специјалните кристални слоеви на жадовиот кристал, тогаш жадот емитира посебна бранова должина и фреквенција која што одговара на одредени елементи во нашиот организам. Ефективно се третираат важни акупресурни точки во меридијаните покрај рбетот и се делува на: • крвната циркулација и метаболизмот, • го зајакнува имунолошкиот систем, • ги опушта мускулите, • ги ослободува блокираните меридијани и каналите на Ки енергијата во вашето тело. Горе
Секоја траума или повреда на ткивото предизвикува регионалните нерви да станат наелектризирани со повисока концентрација на позитивно наелектризирани јони. Ваквата состојба мозокот ја регистрира и препознава како пореметување и на организмот му ја пренесува како чувство на болка. При апликација на магнетно поле според програми кои се направени софтверски за секоја дијагноза пооделно и со посебна спецификација односно со посебна бранова должина и негативен поларитет, вишокот на позитивно наелектризираните јони станува неутрализиран, а со тоа се неутрализира и заслабнува и чувството на болка. Магнетната терапија се приложува кај заболувања од повеќе медицински гранки: • ортопедија, • реуматологија, • неврологија, • кардиологија, • пулмологија, • педијатрија, • гастроентерологија и др. Горе
Овој уред користи светлосни и звучни сигнали кои се одлични за активирање на умот, за поттикнување на креативност, за постигнување на длабока концентрација и релаксација. Се употребуваат прецизни шеми на пулсирачка светлина и меки пулсирачки звуци кои помагаат да дојдеме во оптимална состојба на релаксација. Постојат 23 програми кои опфаќаат цела палета на проблеми како што се: • хроничниот замор, • ослободување од акумулиран стрес, • програми за несоница, • програми за активација на умот, • за концентрација и учење, • програми за брзо освежување на системот после напорен ден, • за активација на самоисцелителните механизми и многу други. Програмите се специјално дизајнирани да одговорат на сечии потреби и се со времетраење од 10 до 60 минути. Оваа терапија не се приложува само во ретки случаи како што се епилепсија и некои тешки нервни заболувања. Горе
Термоаурикулум терапијата е стара терапевтска пракса со која преку термална и акупресурна техника на ушната школка, се делува на блокираните меридијани (внатрешни енергетски текови во човековиот систем) и се врши нивно балансирање и енергизирање. Терапијата трае 20 до 30 минути и се применува кај луѓе со • низок притисок, • при главоболки, вртоглавици, зуење во ушите, • кај затнати уши, • за иницирање на самоисцелителните механизми, • подигнување на општата состојба кај секој човек. Она што е карактеристично за оваа терапија во Центарот Константин е тоа што при масажата на ушната школка се користат етерични масла со што се создава комбинација од масажа и ароматерапија, соодветно се постигнува и ревитализирачки ефект на физичко и на психичко ниво. Горе
Развојот на овој тип на третирање се базира на традиционалната кинеска медицина и модерната наука и технологија. Со масирање на главата се третираат меридијаните на главата, се стимулираат периферните нерви, се подобрува микроциркулацијата на главата, се отвораат каналите и се активира крвниот проток. На овој начин ефективно се поттикнуваат функциите на централниот нервен систем, односно се врши превенција за: • церебрална артериосклероза, • нервна растроеност, • главоболка, • несоница, • удар, • деменција • сензорска дисфункција на централниот нервен систем, • пореметувања на движењето. Придобивки од оваа терапија се: • ја подобрува меморијата, • делува против стареење, • обезбедува спремност за справување со секојдневните предизвици. Горе |
© Konstantin Kaysharov. All rights reserved. |
|||