|
Центар за исцелување и духовен развој "Константин" |
Кристалотерапија Кристалите уште многу одамна се користат во енергетските третирање. Овие феномени на природата се одликуваат со стабилна кристална структура која со леснотија се пренесува како еден вид на матрица и во енергетскиот систем на човекот и соодветно иницираат, неутрализираат, катализираат или абсорбираат одредени вибрации во телото. • Кристални исцелителни кревети • Кристална масажа
Oвие кревети ја претставуваат најновата технологија во исцелувањето на нашите енергетски центри или чакри. Секој продукт е рачно изработен, по највисоки стандарди и се користи во разни центри во сите видови на терапии кои исцелуваат со енергија. Креветот има седум чисти кварцни кристали кои се обработувани на специфична фреквенција и се поставен над соодветниот енергетски центар или чакра на клиентот. Во оваа терапија одлично се вклопени хроматската или колор-терапијата и кристалната исцелителна терапија. Кристалите емитираат обоена светлина (која соодветствува со боите на енергетските центри - чакрите), до соодветниот енергетски центар и светат во соодветни ритами за да направат прочистување, баланс, и хармонизирање на енергиите. Овој енергетски проток стимулира добробит на многу физички и енергетски нивоа на битието. Обоената светлина која се емитува низ кристалот е исцелителна енергија. Како што светлината се трансмитира низ кристалот на соодветната чакра, така таа станува прочистена, енергизирана и во баланс со сите други чакри. Ова овозможува другите аспекти од нашето постоење, независно дали е ментален, емотивен или физички да бидат целосно во баланс, соодветно и сопствените самоисцелителни механизми започнуваат да функционираат онака како што се направени да функционираат. Искуството на корисниците е дека оваа терапија прави: да се чувствуваме по енергизирани длабока релаксирани, да доживееме длабоко чувство на мир како и духовно разбирање на себе и на сите животни ситуации, односно оваа терапија дава увиди во идниот животен пат како и водство за тоа како најдобро да се справиме со болестите и проблемите. Оваа терапија е одлична и за превентивното третирање. Се применува кај: • Луѓе кои копнеат во развој на својата духовна сфера, • кои сакаат безбедно да имаат медитативна комуникација со духовни водачи, • кај луѓе кои својот енергетски систем сакаат да го стабилизираат и да го засилат за да ја продолжат својата мисија. • Особено се препорачува кај професии кои што имаат директна комуникација со луѓето: психолози, учителки, просветни работници, здравствени работници, терапевти, масери, • но и кај заболувања од прогресивен карактер и кај што не се приложува други, • да се олеснат процесите во терминалните фази на животот. Горе
Кристалите овозможуваат брзо неутрализирање на болка и стрес. Оваа масажа се приложува на цело тело, а посебно во зоните на енергетските центри – чакрите. Некои кристали се користат како активатори, а други како абсорбери на негативната енергија. Масажата со кристали се одликува со нежен и суптилен тип на дејство, а степенот на механичка дразба е многу мал. Сензациите се на високо ниво, а искусувањето на оваа масажа има долготраен ефект. Оваа масажа се приложува еднаш на две недели и дејствува ревитализирачки, релаксирачки и детоксифицирачки. Може да се применува и кај деца и кај возрасни, а еден третман трае до час и половина. Горе |
© Konstantin Kaysharov. All rights reserved. |
|||