|
Центар за исцелување и духовен развој "Константин" |
Класични масажи Во Центарот за исцелување и духовен развој „Константин“ се применуваат класични масажи кои делуваат да се намали стресот, да се подобри циркулацијата и опсегот на движењата, да се ослободат спазмите и да се релаксира и ревитализира целиот организам. Во овој тип на масажи спаѓаат: • Масажа со вулкански камења • Релакс масажа • Класична масажа
Терапијата со вулкански камења се прави со мазни вулкански камења за кои се смета дека имаат многу силна енергија во нив, која доаѓа од длабочините на Мајката Земја. За време на третманот тие се поставуваат на посебни места на телото на телото со цел да се внесе таа енергија. Вулканските камења се употребуваат затоплени и долго време ја задржуваат топлината а со тоа таа длабоко пенетрира во мускулите и ткивото, ги ослободува спазмите и релаксира. Се применува кај: • работохолици, • луѓе во постојан стрес и динамика, • луѓе со ниска самодоверба, • луѓе со постојан страв, • панични напади, • кај спазми на мускулите, • спортисти. Горе
Целта на оваа масажа е длабока релаксација и опуштање на целото тело како и хармонизирање на емоциите и мислите. Се прави со лесни движења кои ослободуваат и смируваат од наталожениот стрес. Но она што е карактеристично за релакс масажата која се изведува во Центар „Константин“ е тоа дека во истата се вклучени етерични масла со што се создава комбинација од масажа и ароматерапија, соодветно се постигнува и ревитализирачки ефект на физичко и на психичко ниво. Релакс-ревитализирачката масажа е многу ефективна и успешна кај лица со: • агорафобија, • параноја, • депресија, • процеси на деструктивно размислување проследено со паника и страв, автодеструктивни луѓе. Горе
Класичната или шведска масажа е најчеста и најпопоуларен тип на масажа. Таа се прави со цел организмот да се релаксира, да се намали стресот, да се подобри циркулацијата и опсегот на движења. Понекогаш, кога се работи за хронични болки као последица на стрес од секојдневното живеење, повреди или постурални дисторзии оваа масажа се комбинира со масажа со комбиниран и длабок притисок. Масажата со длабок пристисок ослободува од тензија и длабоко вкоренети јазли на ткивото, особено на вратот и рамењата. Во динамичното време на живеење каде што речиси сите забораваат на своето здравје, оваа масажа се применува за: • сигурна превенција од хроничен замор, несоница, вртоглавица, • ослободување од вкочанетост на сегментни регии на телото и пршлените (врат, екстремитети, појас), • поттикнување на имунитетот, • парези и парализи, • мускулна дистрофија, • лумбоишијалгија, • ревматични проблеми, • артрози, • сколиози, лордози, кифози, • мигрена. Горе |
© Konstantin Kaysharov. All rights reserved. |
|||