|
Центар за исцелување и духовен развој "Константин" |
Центарот за исцелување и духовен развој „Константин“ е холистички центар каде сите луѓе се третираат со холистички пристап преку комбинирање на техники од западната и источната медицина. Терапиите што се приложуваат во Центарот ги опфаќаат сите нивоа на едно битие: духовно, емотивно, ментално и физичко. Преку сите овие холистички третмани човекот се поттикнува на повисоко вибрационо ниво и кај него се иницираат самоисцелителните механизми. Но покрај холистичките третмани, во Центарот се врши и холистичка анализа на целото битие, со цел луѓето да имаат увид во својот физички, емотивен и духовен развој. Оваа анализа ги опфаќа сите нивоа на постоењето на човековото битие. Се анализира физичката состојба на телото со биоелектричен апарат, емотивната состојба како и менталната напнатост и нивото на стрес преку мерење на кохерентноста на срцето и моменталната енергетска и духовна состојба преку анализа на енергетското поле на човекот, односно неговата аура. Сите овие анализи се извршуваат со најсофистицирани апарати кои се многу прецизни, а резултатите ги добивате во печатена форма и притоа добивате толкување на истите од обучениот тим во Центарот за исцелување и духовен развој „Константин“. Тука спаѓаат: • Анализа на кохерентност на срцето • Аура систем • Био-електрична анализа на телото
Технологијата за анализа на кохерентноста на срцето е резултат на 15 годишни научни истражувања во областа на емоционалната психологија, каде што се анализирани интеракциите помеѓу мозокот и срцето. Под поимот кохерентност на срцето научниците подразбираат една ефективна психолошка состојба во која нервниот систем, кардиоваскуларниот, хормоналниот и имуниот систем се во хармонија и работат ефективно. За повеќето луѓе кои живеат во секојдневното динамично опкружување, посигнувањето на кохерентност на срцето е навистина реткост. Со анализата на кохерентноста на срцето вие ќе можете да ја спознаете состојбата на кохерентност, да ја почувствувате истата и точно да го забележите мигот кога таа се случува. Обучениот тим во Центарот „Константин“ е должен да ви го посочи мигот кога ќе ја постигнете кохерентноста, соодветно вие свесно ќе ја изанализирате состојбата во која се наоѓате, со цел да ја препознаете и во иднина. Резултатите од мерењето на кохерентноста на срцето ги добивате во печатена форма, а во прилог на тоа следува и толкување односно објаснување од страна на обучено лице. Горе
Аура системот се користи за снимање на енергетското поле кај човекот и приказ на истото преку различен спектар од бои кои човекот може да ги види со сопствено око. Портретното снимање на аурата прикажува спектар од бои кои се разлеваат централно, од десната и од левата страна кои во зависност од густината и бојата на полето има различни прогнози. Деталниот увид врз работата на енергетските центри-чакрите, укажува многу за самата иднивидуа, како за нејзиното физичко здравје, така и за сопственото спиритуално развивање. Емоциометарот е показател за тоа колку личноста е смирена и во каков баланс е, а јин-јанг графиката го покажува соодносот на женската и машката енергија во човекот. Балансот меѓу телото, разумот и душата е прикажан многу детално и конкретно и е од големо значење за насочување на човекот кон одредени цели и размислувања во неговата иднина. Со секое снимање на аурата кај човекот следува детален извештај од 17 страници, каде се изнесени подетални информации потребни за оној кој сака да има увид врз невидливото како дел од себе. Центарот за енерготерапија и рехабилитација „Константин“ е должен да му покаже на заинтересираниот човек како изгледа невидливото енергетско поле-аура на видлив начин, да го поттикне процесот на отвореното размислување, токму затоа ние се снабдивме со еден од многу ретките и професионални апарати во светот за енергетско снимање. Горе
Човечкото тело се состои од голем број на клетки кои се во постојан раст, развој, делба, регенерација, изумирање. Секоја клетка пак, е составена од атоми кои се во постојано движење и кои емитуваат електромагнетни бранови кои ја претставуваат специфичната состојба на телото. Ако можеме да ги одредиме овие специфични електромагнетни сигнали, можеме да го одредиме статусот на здравјето односно состојбата на телото. Био Електричниот Анализатор на телото вклучува иновативни проекти од високата технологија од областа на медицината, био-информатиката, електричниот инжењеринг и други науки. Преку држење на сонда се одредуваат фреквенциите и енергијата од магнетното поле кои потоа се споредуваат со резонантните фреквенции на одредени болести, состојби и нутритивни вредности кои веќе се експериментално одредени и потврдени. Според оваа вредност се одредува природата на болеста или дисбалансот. Со оваа анализа добивате увид во целокупната состојба на телото, односно кардиоваскуларен статус, состојба на коските, витамински и минерален статус, хормонален статус, статусот на внатрешните органи, шеќер во крвта, состојба на кожата, токсини во крвта итн. Био електричниот Анализатор на телото е водич за здравствена консултација на целото тело и ги има предностите на целосност, неинвазивност, практичност, едноставност, брзина, економичност итн. Горе |
|
© Konstantin Kaysharov. All rights reserved. |
|||