|
Центар за исцелување и духовен развој "Константин" |
Енергетската терапија на Мастер Константин – лекување со Светлина, е искуство кое не се споредува со ништо и не може да се опише со зборови, треба само да се доживее и почувствува. Тоа е наплив на Божја Милост и Љубов која Ве прегрнува и ги опфаќа сите Ваши нивоа. Високата вибрација која Константин ја трансферира до Вас продира до секој атом од вашето битие и Ве исцелува во душата, емоциите, мислите и физичкото тело. Трансформацијата се случува суптилно и според Божјата волја, а на Вас останува да се предадете на тој наплив од високофреквентивни вибрации и со отворено срце да ја посакате и дозволите промената која веќе се случува. • Терапии за деца • Најчести прашања
Енергетска терапија од Мастер Константин се приложува и кај деца. Тоа е процес во кој се делува директно на детето, меѓутоа и на еден од неговите родители со кој детето има најголем контакт во текот на денот. Тоа се случува со цел да не дојде до енергетско празнење, исцицување или деполаризација на енергетскиот систем на детето од страна на родителот кој може несвесно да делува деструктивно на своето дете. Покрај тоа се третира и нивната меѓусебна врска која е неопходна за правилен раст и развој на детето. Трансформацијата се случува суптилно и според Божјата Волја. Горе
Зошто ви е потребна енергетската терапија на Мастер Константин? Ако сакате да се случи подобрување на секое ниво и во секоја сфера, нова страна и поглед во смислата на Вашето живеење, за да не бидете роб на болката, стравот, чувството на вина. Дали енергетската терапија е некаков вид на хипноза, сугестија или автосугестија? Терапијата не е ниту едно од горенаведените, туку едноставно примање исцелителна енергија – Божја Љубов, канализирана од Изворот овозможено од вродената дарба на Мастер Константин. Каква е енергијата со која работи Мастер Константин, биоенергија, космичка енергија, реики, прана или што е тоа? Енергијата со која работи Мастер Константин е исцелителна, Божествена енергија – Светлина која ја црпи од Божествениот извор и преку Светото шепотење (неговата Методика) ја пренесува до Вас. Исцелувањето и решавањето на Вашите проблеми зависи од Вашата рецептивност, но највеќе и само ако е според Божјата Волја. Дали секоја терапија е иста? Не, секоја терапија се разликува од претходната и носи различни доживувања и реакции, како за време на терапијата, така и после тоа. Во текот на енергетската терапија Вие сте директен учесник, на каков начин? Какви се можните реакции? За време на енергетската терапија (групна) Вие го правите следното: - очите се затворени за време на целиот третман и Вие размислувате за Вашите проблеми, но и на оние на кои би можеле индиректно да им помогнете; - најдобро е да сте опуштени, без никаков страв дека ќе паднете (зад вас секогаш стои присутно лице за помош); - дозволете си било каква манифестација на плачење, смеење, лулање на телото, не отварајте очи, а доколку Ви е лошо, кренете ја раката и ние ќе дојдеме до Вас; - отворете го срцето, простете си на себе си и на другите, повикајте се кон Бог. Какви се реакциите по енергетската терапија на Мастер Константин? Најразлични, на почетокот поспаност, релаксираност, опуштеност, напливи на смеење, плачење, можно зголемување на болката, а тоа значи чистење за да на крајот се исполните со Љубов, здравје, позитивни мисли во Вашиот живот. За поизразен ефект на терапијата препорачливо е: • конзумирање на повеќе од два литри вода дневно, • капењето да биде парцијално односно дел по дел од Вашето тело, • да се одбегнуваат кавги и провокации, • да не се примаат токсини како алкохол и цигари, • оние кои ги третираат очите да не носат очила еден час по терапијата. Како и што треба да се направи за исцелувањето да биде целосно? • Пред да дојдете на терапија препорачливо е да сте целосно искапени со солена вода со цел подобро да ја примите енергијата. • Вербата во себе и Бога е многу важен фактор за исцелувањето да биде целосно. • Најважно е да си простите на себеси и на другите, да се подарува безрезервно Љубов, како и да се практикува молитва која извира од вашето срце, едноставна, искрена и благодарствена. Колку трае дејството од енергетската терапија на мастер Константин и од што зависи тоа? Траењето е индивидуално и зависи од Вас самите, односно колку Вие дозволувате Бог и Љубовта пренесена од Константин да остане и продолжи да расте во Вас – Вашите срца. Времетраењето на ефектите од терапијата е неколку месеци со позитивни промени во сите сфери на живеењето. За да биде дејството продолжено, препорачливо е да го носите Симболот на Светлината од Мастер Константин, да ја слушате неговата музика и медитациите, како и другите пишани дела од него кои поттикнуваат духовно будење и просветлување. Какво треба да биде Вашето очекување? Не треба да имате никакво очекување, бидејќи Вашиот ум на таков начин ќе создаде блокада во целиот процес на исцелување, само отворете си го срцето за Божјата Љубов и дозволете се да си дојде спонтано. Што не се третира со енергетската терапија? Егземи, канцер во напреден стадиум, шизофренија, тромбоза, пациенти со бајпас, сида, кожновенерични болести и вродени генетски болести. Горе |
|
© Konstantin Kaysharov. All rights reserved. |
|||