|
Центар за исцелување и духовен развој "Константин" |
Бачова терапија
Кога се чувствуваме исполнети, среќни и позитивни, ние сме здрави и уживаме во животот. Даваме и земаме многу повеќе од животот, како за себе така и за нашите пријатели и семејството. Меѓутоа се случуваат многу нешта и понекогаш ни е потребна мала помош за да останеме во баланс и да продолжиме напред. Токму во тие моменти Бачовите цветни капки можат да ни помогнат. Создадени од докторот по медицина Едвард Бач во текот на 1930-тите, Бачовите цветови се лековити капки од 38 растенија и цветови кои можат да ви помогнат да се справите со емотивните предизвици од секојдневниот живот. Секоја од Бачовите цветни капки помага при одредена емоција. Може да се земаат индивидуално или измешани заедно за да одговорат на вашите потреби според тоа како се чувствувате во тој момент. Можат да ги употребуваат и трудници и мали деца, како да и животни и растенија. Сегашните истражувања покажуваат дека поврзаноста помеѓу емоциите и имунолошкиот систем го поддржуваат гледиштето дека емотивното и физичкото здравје се поврзани. Сé повеќе медицински експерти се согласуваат дека здравиот ум и емоции овозможуваат здравје и на физичкото тело. Бачовите цветни капки можат да ви помогнат да имате контрола над тоа како се чувствувате и да можете подобро да го живеете вашиот живот во хармонија и баланс. Линк до официјалната страна на Бачовите цветни кепки: |
© Konstantin Kaysharov. All rights reserved. |
|||