| |
|
|
Константин Кајшаров -
Тино
Роден е на 27 септември 1981 год. Растејќи во родниот град Велес
додека ги набљудувал луѓето, Константин околу нив забележал
енергетските влијанија кои имаат боја, густина и јачина. Подоцна
открива дека тоа не се случува со останатите негови врсници и
својата дарба ја сметал како нешто што не треба да го знаат другите
и тој дел од себе започнува да го контролира, умешно да го прикрива
од страв дека не би бил сакан и прифатен од луѓето. Започнува да се
истакнува преку успесите во училиштето и активностите надвор од
училишните клупи и почнува да пее на детски приредби и фестивали на
кои се здобива со награди и успеси и почнува да ја следи желбата да
биде позната ѕвезда.
Во тинејџерските години почнува да пее поп музика и учествува на
интернационални музички фестивали надвор од Македонија, каде исто
така се здобива со многу награди, но тоа како да не му е доволно и
да не го исполнува внатрешно и чувствува дека во него тлее нешто
неискажливо за него во тие моменти. Почнува да пишува поезија и
непрестано комуницира со надворешниот свет. Подоцна започнува да ја
изразува дарбата која ја носи во себе преку претскажувања на некои
идни случувања, масажа на семејните пријатели притоа развивајќи го
чувството за насетување на болката и страдањето кои луѓето ги носат
во себе. Гледајќи дека тоа им е интересно на луѓето, Константин на
почетокот тоа го прави како да е дел од некоја игра и забава, но
веќе во подоцните тинејџерски години во себе ја открива желбата да
им помага на луѓето.
Заминува на студии во друга земја со цел да биде обучен и сигурен во
она што го одбира како своја животна професија и студира
Кинезитерапија на Факултетот во Русе, најсеверниот град во Р.
Бугарија. Се здобива со знаења од медицината, како и вештини за
комбинираните техники на источниот и западниот свет во однос на
третирањето на човекот. Со леснотија и вештина тој ја совладува
материјата и во тие студентски денови далеку од својата средина, не
познавајќи никого, започнува да им прави енергетска терапија на
почеток на своите комшии, а подоцна на нивните роднини, пријатели...
Поради успешните резултати од третирањето и терапиите луѓето набрзо
почнуваат да го бараат присуството на “странецот”, но Константин
заминува во Софија каде продолжува со магистратурата по
Кинезитерапија. Долго време тој не сака да ја остави музиката, но на
крајот импулсот за исцелување на туѓата болка, немирот што го
чувствува во однос на неправдите, дарбата која секојдневно се разива
и изострува го кристализираа видикот на Константин.
Во едно кратко интервју за Воената бугарска национална телевизија,
во емисија за парапсихолошките појави кај човекот, Константин
изјавува дека неговото постоење е да му служи на човештвото, да
зборува за вистината и правдата, да го покаже патот на љубовта и да
направи напори сите да ја следат Светлината.
Музиката останува да тлее внатре во него, поезијата се реализира
дури во 2005 год. како збирка под наслов “Твојата светлина”.
Икуството со работата во областа на енергетската медицина
секојдневно го надградува, а од семејството најголемата поддршка ја
има од мајка му Зорица.
Неговата чувствителност го прави ранлив и лесно повредлив, но
Константин тврди дека преку страдањето учиме, дека сите искуства
вредат.
Во 2006 год. се случи документарниот филм “Исцелител” кој ја
прикажува работата на Константин со неговиот уникатен метод за
исцелување кој е достапен за сите. Овој филм беше прикажан во
септември 2007 г. во Сан Вали, Ајдахо, САД на Спиритуалниот филмски
фестивал од светски рамки а публиката го награди со Гран При награда.
Во меѓувреме, во Скопје, Константин и неговата мајка го создадоа
првиот Центар за енерготерапија и рехабилитација на овие простори
каде се комбинира праксата од современата и енергетската медицина.
Константин ни за миг не здивнува, се снима вториот документарен филм
каде може да се види напредувањето во неговата работа и третирање
преку групни терапии.
Неговите амбиции се од духовен карактер и тој смета дека е време за
духовна преродба и затоа ја оснива Интернационалната холистичка
академија -ИХА, преку која луѓето ќе можат да посетуваат обуки и
работилници духовно да се надградат, ќе се изучуваат и обучуваат за
методи од енергетската медицина преку консултанти и професионалци
докажани во светот во тие области. Досега веќе се реализираа неколку
проекти.
Преку издавачката дејност на ИХА излегува книгата “Светиот шепот”
напишана од Константин во која е опишан универзалниот метод на
исцелување преку молитвата, едноставен метод за кој Константин смета
дека сите можат да го научат и треба да го знаат. Промоцијата на
оваа книга ќе биде во септември 2008 г.
Со текот на годините музиката која го исолнува срцето на Константин
преминува на едно друго ниво и се претопува во албум од 13 песни
“Исцелителни откровенија” во кој низ музика се проткаени древни
молитви кои поттикнуваат исцелителни процеси кај слушателот. Гласот
на Константин се слуша во различни нијанси и бои, во посебни нивоа
од неговата подлабока свест, додека ги интерпретира во студиото за
време на снимањето. Звукот на музиката доаѓа за да не промени, за да
не отвори и да ни донесе баланс на сите нивоа. Музиката на
Исцелителни откровенија не е комерцијална, таа има терапевтско
дејство и може да се користи за медитација, секаков тип на духовни
работилници, но и секојдневно, за време на секакви активности во
текот на целиот ден. Позитивното влијание од овој тип на музика може
да се забележи во промената на аурата кај луѓето, а тоа може да се
види преку видео снимка од специјален апарат за забележување на
аурата и нејзината промена. Во една од песните Константин прави
енергетската терапија со цел да се поттикне мир, разбирање,
хармонија и љубов помеѓу сите луѓе во светот.
Во светот пак, првото промовирање на овој албум ќе биде во Сан Вали,
Ајдахо, САД, крајот на мај 2008 г. каде Константин е поканет заедно
со својот тим да ја презентира својата работа за време на Sun Valley
Wellness Festival (www.sunvalleywellness.org).
|
|
|
|
|
Мултимедија |
 |
|
|
|