|
Оснивач на првиот центар
за енергетска терапија на овие простори е М-р Константин Кајшаров.
Неговата професија како специјалист во науката кинезитерапија му
дозволува полесно работење со пациентите и приложување на неговата
вродена дарба за помагање во процесот на исцелување кај болните луѓе.

Во Центарот за енерготерапија и рехабилитација “Константин”, на
пациентите им се приложуваат третмани од енергетски вид,
фитотерапија, рехабилитациони техники, кинезитерапија како и
физиотерапија. Од пациентот се очекува да биде активен учесник во
процесот на исцелување преку низа сопствени поттикнувања на ментални
размислувања, дејствувања и однесувања, како спрема светот така и
спрема самиот себе.
“Болеста ја гледаме како состојба која со својата фреквенција
претставува енергетско материјализрање на многубројни преживеани
емоции во текот на живеењето. Соодветно со тоа, носителот на болеста
мора да ја прифати истата, за да можеме заедно потоа да ја
неутрализираме” - вели Кајшаров.
Во центарот за енерготерапија и рехабилитација “Константин” работат
стручен тим на масери, физиотерапевти, како и енергетски терапевти
како асистенти во работата на Константин, со една заедничка
холистицка цел која се изразува како поттик на човечкото сознание
кон хуманизам, креативност, сплотеност, а со тоа изразување на
љубовта, милоста, простувањето, како единствен начин за вистинско
исцелување на човештвото и стремеж на истото кон трансформација на
повеќе нивоа кај индивидуата.
“Ние сме деца од Небото и Земјата, ние сме Љубов и Светлина,
отворете ги крилјата да летаме заедно, ние сите сме Едно, едното во
се, ајде да го вратиме мирот на мајката Земја и во нашите души!”
|